Чистач пронајде злато - што направи со него?
Објавено во: Свет 03 Мај, 2018
Хигиеничар вработен на меѓународниот аеродром „Инчон“ во Јужна Кореја во канта за смет пронашол злато.
Станува збор за седум златни прачки вредни 330.000 долари. Тие биле завиткани во весник и секоја била тешка по еден килограм, а полицијата се сомнева дека некој ги фрлил во страв да не биде фатен.
Во почетокот се мислело дека чесниот пронаоѓач ќе добие дел од вредноста на она што го открил, но управата на аеродромот соопшти дека хигиеничарот не може да добие награда бидејќи златото го пронашол додека бил на смена, а во описот на неговото работно место стои и пронаоѓање на изгубени работи.
Јужна Кореја има специфичен закон со кој се регулираат односите кога станува збор за пронајдени работи чија сопственост не е позната.
Според овој закон доколку сопственикот не се појави во период од шест месеци, пронаоѓачот ја презема сопственоста. Меѓутоа, ова не се однесува на вработени кои пронашле работи во рамките на компанијата во која работат.
Но, пронаоѓачот да не бил вработен на аеродромот можел да добие меѓу пет и 20 отсто од вредноста на пронајденото злато, односно максимална сума од 65.000 долари.
Засега не постојат докази дека златото е поврзано со криминални актовности.