29 Април, 2024
0.0271

Блокади во Ерменија - граѓаните се одзваа на повикот за непослушност

Објавено во: Свет 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Десетици илјади граѓани се одзваа на повикот за граѓанска непослушност на ерменскиот опозициски лидер, Никол Пашинјан. Tие ги блокираа главните крстосници и владини објекти во престолнинаа Ереван, а протести се одржуваат и во други ерменски градови.

Демонстрантите на плоштадот пристигнаа со ковчег и цвеќе, што, како што тврди опозицијата, требало симболично да ја прикаже смртта на владејачката Републиканска партија во земјата.

Десетина демонстранти го носеа ковчегот низ плоштадот, по што го спуштија на тлото и принесоа цвеќе.

Пашинијан со недели ги предводи опозициските протести кои го принудија премиерот Серж Саргсијан да поднесе оставка а во гласањето во парламентот Пашинјан за осум пратенички гласови не успеа да ја презеде функцијата. Неговите подржувачи денеска им порачаа на пратениците дека го изгубиле трпението.

Пратениците од владејачката републиканска партија како знак на добра волја не кандидираа премиер од нивните редови, но при гласањето не го подржаа ниту Пашинијан. Тие го обвинуваат дека при неговиот обид да стигне до власт донел хаос на улиците во Ерменија.

Никол Пашинијан ги предводеше и антивладините протести во 2008-та, кога Сергсјан за прв пат беше избран за претседател на Ерменија. Во демонстрациите кои прераснаа во судири со полицијата загинаа десет лица а Пашинијан беше уапсен и обвинет за убиство и организирање насилни протести, но беше амнестиран во 2011-та година.

Син на професор по физичко воспитување и поранешен новинар, Пашинијан тврди дека тој е единствената личност во Ерменија која може да организира слободни избори и дека ги искорени корупцијата, непотизмот и сиромаштијата од земјата.

Можеби ќе ве интересира

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

(ВИДЕО) МУСЛИМАНИТЕ ПОВИКАА НА КАЛИФАТ И ШЕРИЈАТ: Извикуваа „Алах Акбар“ на улиците на Хамбург

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ПОЛИЦИЈАТА ГИ СПРЕЧИ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ: Тинејџери во Сиднеј сакале да купат оружје и да напаѓаат Евреи

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

ДО КРАЈОТ НА МАЈ: Koи европски земји ќе ја признаат Палестина?

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

НОВА ФУНКЦИЈА: Синот на Кадиров е унапреден

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

TEРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО РУСИЈА: Mилитанти фрлиле бомба и пукале кон полицајци

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

Најмоќните директори на денешницата на едно место - собрани околу важно прашање: шефовите на OpenAI, Google и Microsoft лице в лице

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)

ПУКНА БРАНА ВО КЕНИЈА: Најмалку 42 лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)