АЛИ АХМЕТИ Е ГОЛЕМ ПЕСНОПЕЕЦ, ЕВЕ КОЈ Е СЕГА НЕГОВИОТ ИЗБОР - ја опејува борбата на Албанците против...
Објавено во: Македонија 12 Април, 2024
Осамна ново видео на кое се гледа и слуша каков песнопеец е лидерот на Демократската унија за интеграција, а го објави на социјалните медиумио неговиот сопартиец и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Од видеото се слуша како Ахмети ја пее албанската песна позната како „Лошиот Хисен“, а во неа се „опејува“ борбата на Албанците со пушки и со барут против „Шкиите“, погрден збор за словенските народи, каде што, како што е познато, влегуваат и македонскиот и српскиот народ.
На видеото се гледа дека дури и го зголемува тонот кога ја слуша неговата омилена песна.
„Чисто за забава. Гласајте за број 4. Европски фронт. Заедно“, напиша Груби под видеото.
Видеото можете да го погледнете на инстаграм, подолу