07 Мај, 2024
0.0318

Зошто берзата расцвета среде зима?

Објавено во: Економија, Анализа 12 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Пазарот наметнува дилема: нова тенденција или позната инерција? Цените на нашите премиум акции растат на почеток на година, достигнуваат годишни рекорди. Тие што вложуваат на овие цени со мали истргувани количини се блефери и трејдери? Или можеби се пионери кои препознале дека во исклучително тешката година што претстои најдобро е кеш да чуваш таму кај што нема да го јаде инфлација, па дури и ќе го оплодиш со капитална добивка или дивиденда? Ова е далеку од нон-сенс особено ако се знае дека понудата на премиум акции е мала (се бројат на нецели две раце), а има се повеќе кеш што „фаќа мувла“ со неатрактивните камати кои веќе се неконкурентни... Колку и да е мал нашиот пазар на капитал, неговиот потенцијал не треба да се потцени

Македонската берза за хартии од вредност ја почна годинава навистина невообичаено. Главниот барометар на вредноста на нашите акции, берзанскиот индекс МБИ-10 си гази над вредноста од 6.000 поени, психолошка граница која по проекциите на многумина беше бариера околку која ќе се крши ледот долго време. Еве го МБИ-10 со денови мирно и стабилно ја гази и „тапка“ таа патека која е повисока од 6.000 индексни поенти.

Вообичаено беше растот на индексот МБИ-10 да „збивта“ и „тегне“ на крајот на секоја календарска година да за можат инвестициските фондови да прикажат подобри финансиски резултати и активи кога ја „удираат цртата“ на крајот на секоја календарска година. По ресетирањето на годишниот бројчаник традиционално бевме навикнати цените да се намалат, ликвидноста да падне и тие што биле трпеливи да купуваат на пониски цени и да го чекаат убаво позиционирани бранот на кој ќе ги возат акциите очекувањата за дивиденди...

Е па годинава не излезе така. Индексот си остана на високи ценовни нивоа, иако рака на срце прометот не е висок и токму тоа ги прави сомничави покрипните инвеститори. Дури некои од акциите, всушност најликвидните: „Алкалоид“, „Комерцијална банка“, „Макпетрол“, НЛБ Банка, „Гранит“, заборавената „Македонијатурист“, а сега и скопска „Стопанска банка“ книжат годишни ценовни рекорди. И тоа на почеток на година, нешто незамисливо досега...

Дел од инвеститорите со право ќе речат: раст има, но ниската ликвидност не е мерило. Нема тенденција, само игра на немирните трејдери, преметкање од шупло во празно... Со мали промети цените на акциите не само што не се намалија туку и пораснаа. Така е, точно е. Но факт е и тоа дека традиционално на почетокот на секоја година всушност не се вложуваат многу пари во квалитетни акции , традиција на нашата берза. Но дали ова е најава за тенденција или е само инерција? Држи вода и логиката дека сега цените на блу-чип акциите растат, а инвеститорите се воздржуваат од големи вложувања веројатно за да не ги кренат за многу краток интервал пазарните цени.

Можеби некој има преголеми очекувања? Може некој креира слика на биков пазар за да привлече наивни и богати купувачи? Но дали е така?

Ако видиме кои цени растат повеќе од јасно е дека станува збор само и исклучиво за најквалитетните акции: „Алкалоид“, „Комерцијална банка“, НЛБ Скопје, „Макпетрол“, сега и „Стопанска банка Скопје“. Заедничко им е тоа што се успешни фирми, корпоративни пионери и примери, дека се редовни плаќачи на дивиденда, дека и годинава се очекува да бидат успешни во справување со кризната економска состојба. А што може повеќе да посака инвеститор во вакви несигурни времиња...

Колку и да звучи идеализирачки факт е дека расте побарувачката за финансиски инструменти поточно вложувања кои нудат квалитетен принос. А истовремено имаат видлив потенцијал за раст на пазарната цена што е најдобар штит од надоаѓачката инфлација. Во вакво време на енергетска и економска криза, раст на цени, инфлаторен потенцијал не е чудо тие што имаат пари да одлучат дека не сакаат сите да ги чуваат во банка.

Кој може да негира дека акцијата на „Алкалоид“ не е сигурна во најмала рака колку државна обврзница, дека „Комерцијална“ ќе даде нето дивиденда од 10+ евра за акција, дека „Гранит“ нема да работи на проектите на „Бехтел&Енка“ колку и да се тие аранжмани спротивни на пазарните правила. Или дека „Макпетрол“ нема да продолжи да ја јакне својата пазарна позиција, а „Македонијатурист“ е најголем инвеститор во кеш и инвестициски фондови, депозити и акции? Сите овие издржани аргументи ја јакнат пазарната ценовна позиција на овие акции. Веројатно дека најхрабрите инвеститори веќе извагале и превземаат чекори...

Другите ќе следат... како што вели народната : тоа што денеска е скапо утре ќе се чини било евтино!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?