ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
На телевизиите веќе се отворени дебатните студија по завршувањето на првиот круг од претседателските избори.
Жестока дебата се случува на Канал 5 меѓу двајца новинари и аналитичари, Љупчо Зиков и Драган Павловиќ Латас.
Зиков рече дека реторика на ВМРО-ДПМНЕ беше долг период дека не може министер за надворешни работи Албанец да го решава македонското прашање, мислејќи притоа на Бујар Османи, како и дека тоа е една од причините за зострување на националистичките емоции.
Латас рече дека Македонците никогаш не провоцирале, освен исклучоци по фејсбук, а дека Османи работи сам и не слуша никого, а сега сака да не скара со Србија.