ЗБОРУВАЛЕ СО МАКРОН: Дали Вучиќ ќе воведе санкции за Русија?
Објавено во: Балкан 11 Април, 2024
Северниот сосед нема да воведе санкции за Русија.
„Србија нема да го смени ставот, никој нема да ја уценува. Макрон рече дека мораме да воведеме санкции кон Русија и дека ова е уцена. Дозволете ми да ви го повторам ставот што го искажавме осум дена по почетокот на конфликтот во Украина, тој важи и денес“, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Србија, додава тој е горда на својата позиција. Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија поради руската инвазија на Украина. Србија ќе купи борбени авиони Рафал од Франција.
фото Фејсбук/Александар Вучиќ