28 Април, 2024
0.0254

ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКАТА ЗА ЛЕКОВИ „ГАЛЕНИКА“ ВО СРБИЈА ШТРАЈКУВААТ - бараат зголемување на платите

Објавено во: Економија 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Околу 250 работници на фабриката за лекови „Галеника“ во Земун, Србија организирани од синдикатот „Независност“ во таа компанија, втор ден штрајкуваат со барање нивниот сопственик, бразилската компанија ЕМС да им ги зголеми платите.

Како што пренесуваат медиумите од соседството, претседателот на Синдикатот „Независност Галеника“, Зоран Пантелиќ, кој е и претседател на Штрајкувачкиот одбор, барањето на работниците што протестираат е да се зголемат платите за 10 проценти во однос на просечната плата во фабриката.

- Колективниот договор предвидува платите да се усогласуваат еднаш годишно, и соодветно на тоа бараме веднаш и во еден дел да се зголемат во бараниот износ. Засега никој од раководството не контактирал. Подготвени сме за разговори со раководството, за нашите барања, во секое време и штом се зголеми платата во висина што ја бараме, штрајкот ќе биде прекинат и фабричките машини ќе бидат ставени во функција - нагласи соговорникот.

Тој додаде дека преговорите со менаџментот почнале лани во ноември, за да може договорот за зголемување на платите да почне да се применува од февруари годинава.

- Работодавачот понуди зголемување на платата во два дела и во помал процент од тој што го баравме. Самостојниот синдикат во фабриката се согласи на понудата. Ние од „Независности“ ги анкетиравме работниците и тие изјавија дека сега поскапувањето мора да биде од еден дел. Затоа штрајкувавме за да го постигнеме тоа - вели Пантелиќ и наведува дека штрајкот ќе трае се додека не се исполни барањето за зголемување на личниот доход во бараниот процент.

Инаку, заработката во Галеника е под просекот во таа стопанска гранка. Пантелиќ посочува дека барањето за зголемување на платите е оправдано затоа што ланската инфлација била 12 отсто и дека е потребно висината на платите да биде таква за да им се обезбеди пристоен живот на вработените.

Штрајкот почна вчераутро во прва смена, а целосно беше стопирано производството во најголемиот објект за производство на лекови во фабриката.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници