29 Април, 2024
0.0445

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме - од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Објавено во: Македонија 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Уживајте во вистинското летно време уште денес, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, што значи дека денес ќе биде најтоплиот ден од овој топол Африкански бран, вели метеорологот Славчо Попоски.
Веќе во вторник попладне и навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, поради спуштање на силен ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија ќе дојде до создавање на локални, но силни грмотевични облаци.

Токму ова ќе услови врнежи од дожд, на повеќе места ќе има обилни врнежи и проследени со грмежи како и со силен јужен ветер (над 70 км/час). Локално овие просеци ќе бидат застапени во форма на поизразено невреме, проследено со силни електрични празнења, олуен ветер, обилен пороен дожд (над 30 л.м2), и силен град, особено во централните и во источната половина од државава.

Услови за локално невреме ќе има и во Скопскиот регион.

Потоа од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе има и повремени врнежи од снег.

НАПОМЕНА: Во периодот од вторник доцна попладне , навечер, во текот на ноќта кон среда, а особено во среда, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, вели Попоски.


Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени