01 Мај, 2024
0.0286

ВМРО-ДПМНЕ: За прв пат дојде обратна ситуација, сега од ДУИ зависи каква ќе биде идната влада

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Од ДУИ зависи каква ќе биде идната влада, беше кажано на средбата меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и дипломатите попладнево. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски и Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за меѓународна соработка, Александар Николоски оствари средба со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан и Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Гарет. 

На средбата се разговарало  за актуелните политички случувања и чекорите кои би се преземале во иднина. 

„Бидејќи сме мултиетничка земја има едно правило кое што во минатото албанските партии бараа да биде и закон, а не само принцип. ВМРО-ДПМНЕ тогаш посочи дека е подобро да остане само на ниво на принцип бидејќи ќе беше многу невообичаено да се преточи во закон, а станува збор за правилото победникот кај македонските гласачи да мора секогаш да коалицира со победникот кај албанските гласачи. На тоа највеќе апелираше и инсистираше токму партијата ДУИ. На оваа тема имаа многу интервјуа и прес-конференции, особено што и меѓународната заедница нè советуваше тоа да го прифатиме како принцип. Сите тогаш посочуваа дека сме мултиетничка земја, дека не треба да гледаме како е во другите држави бидејќи кај нас е специфично, и ВМРО-ДПМНЕ тоа го прифати и применуваше се додека зависеше од нас. Самиот претседател на ДУИ тврдеше дека ако не се земе најголемата партија кај Албанците во власта ќе има дефакторизација на Албанците во државата и газење на нивната волја. Сега за прв пат дојде обратна ситуација, сега од ДУИ зависи каква ќе биде идната влада - истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата за актуелната ситуација било истакнато дека во земјава има политичка криза која требаше да се разреши со избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ победи со 51 пратеник, а опонентот СДСМ имаше 49 пратеници. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање