02 Мај, 2024
0.0263

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Погодија фабрика за производство на авиони во Воронеж

Објавено во: Свет 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Украинците тврдат дека погодиле руска фабрика за производство на авиони во Воронеж. 

Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погоди главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, објави Ројтерс од украинските разузнавачки кругови. Погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата.

Градот е на најмалку 350 километри од линијата на фронтот во Украина. 

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека над таа област се соборени две украински беспилотни летала. Киев сè повеќе напаѓа подлабоко на руска територија, гаѓајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Украина користи дронови со долг дострел од домашно производство. САД ја опоменаа Украина да не ги гаѓа руските рафинерии, затоа што ќе скокнат цените на нафтата, но и по овој апел, Украинците пак гаѓаа рафинерии. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

Видеото можете да го видите тука. 

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан