(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи
Објавено во: Свет 18 Април, 2024
Во катастрофалните поплави во Русија, околу 18.000 куќи се поплавени, а илјадници луѓе се евакуирани.
Реката Тобол во областа недалеку од границата со Казахстан се заканува да се искачи на рекордно ниво.
Државната новинска агенција ТАСС објави дека од вчера се поплавени уште 1.700 куќи. Илјадници луѓе се евакуирани во последните неколку дена. Регионот Оренбург јужно од планината Урал и регионот Курган во Сибир се најтешко погодени од катастрофалните поплави во близина на јужната граница со Казахстан.
Во главниот град на регионот, Курган, реката Тобол порасна за метар и половина за само 24 часа.
Сега во опасност од поплави се приближно 94 села каде живеат 34.000 луѓе. Во четвртокот властите евакуирале 1.500 луѓе од Тјумен и ги транспортирале на безбедно.
Во Казахстан е на сила вонредна состојба поради поплави, додека повеќе од 100.000 луѓе се евакуирани, објави Ројтерс.