06 Мај, 2024
0.0257

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА НАСТАВА, ЌЕ ГО НАДОПОЛНАТ ЛИ ИЗГУБЕНОТО? За 12 проценти покачување, направена е 100 процентна штета

Објавено во: Македонија 26 Април, 2022

Добивај вести на Viber

По постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК за покачување на платите од 12 отсто на вработените во образованието и во градинките, учениците од утре повторно ќе следат настава. Училишните клупи и денеска ќе останат празни, бидејќи, претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници, денешниот ден ќе го искористат за да ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор.

Сепак, учениците и некои од професорите во средните училишта сметаат дека губењето настава пред речиси самиот крај на училишната година е непоправлива штета во образовниот процес.

-Ќе добиеме колку што договориле, тоа е неспорно. Но, додека се премислуваа, додека се инатеа, додека се пазареа, а ако зборуваме реално се испазарија само за 2 отсто повеќе од првичната понуда на Владата, пред се како родител, но потоа и како професор, тврдам дека направија 100 процентна штета за учениците. Ни до половина наставен материјал не сме стигнале, за жал. Сега се ќе биде набрзина, „стуткано“, поминато колку да се рече дека сме поминале. Е не се градат квалитетни кадри на овој начин, вели професорката по математика во една од најдобрите гимназии во Македонија.

Незадоволството не го кријат ниту средношколците, посочувајќи дека ваквите чести прекини на наставата им ги „убиваат“ навиките за учење.

-Секојдневната рутина е целосно нарушена. Колку и да е некој совесен, нема навика да седне и да учи. Сите овие прекини негативно влијаат врз сето она што се нарекува образовен процес. Процес-значи нешто трае, се спроведува. Но, процесот со прекини доведе до тоа, ние изминативе две недели да мислиме како ќе го поминеме денот, дали ќе прошетаме низ парк, дали ќе седнеме на кафе, дали вечер ќе излеземе. Навиката дека треба да се стане и да се оди на училиште, а потоа и да се сработи тоа што е предадено, не постои. И не е ова само од последниве две недели, така е изминативе две години. Секоја нова училишна година е полоша и полоша. Но, никој тоа сериозно не го гледа, никој сериозно не го сфаќа ова прашање, вели средношколецот Дамјан Т, кој планира да запише студии на Електротехничкиот факултет.

Се надева дека постигнатиот договор, како што рече „ќе им го ублажи“ незадоволството на вработените во школите, па дека барем во наредните години две години нема да организираат повторно штрајкови

Инаку, договорот меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор. 

Истовремено, Владата и СОНК се договорија како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, кој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува