19 Мај, 2024
0.0366

Тендерот на АД ЕСМ од 19 милиони евра официјално поништен

Објавено во: Економија 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Купувањето на АД ЕСМ на помошна механизација во вредност од 19 милиони евра за потребите на РЕК Битола официјално е поништен, откако комисијата за жалби по јавни набавки ја прифатила жалбата на компанијата која не учествувала на тендерот.

Државната комисија за жалби по јавни набавки на 29 април донела решение со кое, по жалба на компанијата „Технокс Груп“, ја поништува тендерската постапка на АД ЕСМ за набавка на сопствена механизација.

Според решението, АД ЕСМ не одговорил на сите прашања за кои била заинтересирана компанијата. Од поранешно ЕЛЕМ одговориле дека жалбата треба да биде отфрлена бидејќи немало никакви пропусти во тендерската документација, меѓутоа Комисијата сепак одлучила да ја прифати жалбата.

Покрај останатото, Комисијата навела дека тендерската документација била изготвена спротивно на законот и можела да доведе до дискриминација на економските оператори и ограничување на пазарната конкуренција.

На крајот на јануари Електрани на Северна Македонија ги објави операторите кои конкурираат на тендерот за јавна набавка на механизација за потребите на РЕК Битола, по отворањето на понудите на тендерот за јавна набавка. По отворањето на понудите, следуваше нивно „скенирање“ дали ги исполнуваат пропишаните услови, а потоа требаше да се одбере најдобрата понуда. 

Оваа предизборна одлука од програмата „План за живот во Македонија“ требаше да заштети многу пари за Електрани на Македонија и за земјата ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено околу 100 милиони евра, што претставуваат многу пари. И покрај предизборните ветувања на власта, продолжува скапата пракса приватници да копаат јаглен за РЕК Битола, а во меѓувреме имаше неуспешни обиди за купување на нови машини и наместо тоа, продолжи старата пракса на претходната Влада.

Со тендерот требаше да се набават вкупно 47 машини за потребите на рудниците со јаглен и да ја чинат државната компанија за производство на струја 19 милиони евра, откако во меѓувреме се создадоа законски можности и квалитетот, а не само најниската цена да биде критериум, што инаку претходно беше аргумент да не се купува оваа помошна механизација. Јавната набавка доцнеше поради анализите и измената на Законот за јавни набавки. Објавената јавна постапка е само прва фаза од процесот на осамостојување на РЕК Битола за целосно самостоен ископ на јаглен, а ќе следуваат уште две фази.

„Оваа набавка, наспроти корона кризата, треба да се смета за продуктивен расход, затоа што долгорочно ќе ги намали трошоците за ископ на јаглен како основен извор на енергија од кој Македонија добива струја.

Целиот оглас е пуштен со цел да се продолжи периодот на чекање и периодот во кој ќе можат да вртат камионите на Заеви, за сега во период на корона вирус можноста за нов оглас да се пролонгира на неопределено време.

Сите факти во случајот водат до заклучокот дека се работи за однапред наштелувана работа. Доколку не е така, немаше тендерот од 19 милиони евра да се прави со почетнички грешки, кои ќе ги воочи и студент во прва година студии на правен или економски факултет.

Апелираме до директорите на институциите да не се ставаат во полза на Заеви и да не прават разни комбинации за да и му се допаднат на кланот. Одговорност за секој  ќе има. Сите постапки ќе бидат ревидирани и доколку се утврди грешка ќе има и соодветни одговорности“, реагираше денеска Ивица Томовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа