02 Мај, 2024
0.3896

„ТЕ МОЛАМ ДОЈДИ ДА РАБОТИШ КАЈ НАС, НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ“: Хрватските угостители ги молат сезонските работници од земјава да заминат на работа кај нив

Објавено во: Македонија, Балкан 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Хрватските угостители, сопственици на ресторани, апартмани, пекари и други области кои за време на летната сезона го имаат најголемиот обем на работа, телефонски ги контактираат работниците од Македонија кои минатите сезони работеле кај нив, да одат повторно да работат кај нив, со образложение дека немаат работници.

„Ми се јави газдарицата на пекарата каде што работев, за да заминам да работам и оваа година кај неа. Јас сега имам убава работа тука, земам убава плата и не ми е во план да одам на работа во Хрватска. ја одбив, а таа дури ми понуди и повисока плата за 300 евра само за да отидам. Откако и тогаш ја одбив, ме замоли да се распрашам дали некој што го познавам ќе сака да оди од мај до октомври на работа кај неа“ раскажува Бисера К., 30 годишна скопјанка која две години по ред работела во Пекара во Дубровник.

Таа вели дека минатата година зимала 1.300 евра плата, храната и била обезбедена од газдите исто како и сместувањето, така што тие пари и останувале чисти.

„ Работата навистина не беше тешка. Се работеше во смена, прва и втора, по осум часа, а доколку сакав имав опција да работам и дополнително за екстра пари. Газдите беа навистина љубезни луѓе, немам апсолутно никакви поплаки“, вели Бисера.

Речиси секоја летна сезона, Хрватска мака мачи со пронаоѓање сезонски работници. На сезонска работа заминуваат претежно млади лица од земјава, кои немаат фамилијарни обврски, но се поголем е и бројот на фамилијарни луѓе кои во потрагата по профит заминуваат на 4/5 месеци во Хрватска на работа.

Д.Т.

Фото: unsplash

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање