СВАДБА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИ: Затруени 53 лица, меѓу нив и 13 деца
Објавено во: Свет 13 Април, 2024
На свадба во регионот Бухара во Узбекистан отруени се 53 лица, меѓу кои 13 деца, соопшти денеска прес-службата на регионалното Министерство за здравство. Болниците во регионите Бухара и Вабкент рано утринава почнаа да примаат луѓе кои се пожалија на болки во стомакот, повраќање и слабост, пренесе РИА Новости.
Во болница се пријавиле вкупно 53 лица, меѓу кои 13 деца, сите биле гости на свадбата“, се вели во пораката објавена на регионалниот канал Телеграм.
Како што соопшти прес-службата, итно биле повикани сите вработени лекари, како и специјалисти од регионалната инфективна болница да дојдат во болниците.
In Uzbekistan about people have got poisoned at a wedding https://t.co/d0vEygQEYW pic.twitter.com/RYamlQxxRJ
— Newletterinfo (@Newletterinfo) September 28, 2017
На сите пациенти им била дијагностицирана „акутна дијареа, болки во желудникот предизвикани од труење со храна“ и им била дадена инфузија.
До вечерва од здравствените установи се отпуштени 43 лица.