Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани
Објавено во: Македонија 28 Март, 2024
Жител на општина Студеничани сакал да влезе во Македонија преку граничниот премин Блаце со украден џип од италијанска фирма, објави МВР во билтенот.
„На 27.03.2024 во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани. При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено“,пренесува полицијата.
Тој бил задржан во полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.