05 Мај, 2024
0.0244

Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Фокусирана на постигнување континуиран раст, развој и долгорочен успех, Шпаркасе Банка АД Скопје донесе одлука за проширување на менаџерскиот тим, осигурувајќи непречено продолжување на успешните активности на Банката.

Од 1.4.2024 година, нови членови на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје се Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ.

Покрај Санел Кустурица како претседател на УО и Нина Неданоска како заменик-претседател на УО, третиот член на УО, Златица Цивкароски, ќе биде надлежна за активности поврзани со стратегиско управување со ризик, активности поврзани со управување со кредитен ризик и наплата и активности поврзани со банкарски операции, додека, пак, Александар Џорџевиќ како четврти член на Управниот одбор ќе биде надлежен за активностите поврзани со информатичка технологија, како и активности поврзани со дигитални канали и организација.

Златица Цивкароски својата кариера во областа на банкарството ја започнува во 2004 година, како дел од тимот на Тетекс кредитна банка АД Скопје, учествувајќи во комплексни проекти и извршувајќи работни активности во делот на управување со ризиците, на раководни позиции.Станува дел од Шпаркасе Банка во мај 2012 година. Таа извршувала повеќе менаџерски позиции во рамки на Банката, односно во јули 2014 година е назначена за в.д. директор на Дирекцијата за наплата и управување со преземен имот, а од мај 2015 година ја добива функцијата директор на Дирекцијата за наплата и управување со преземен имот, која ја извршува сè до јули 2023 година, кога е назначена за директор на Секторот за кредитен ризик и наплата. Во својата работна кариера има посетено и завршено дополнителни тренинг и едукативни програми во областа на управувањето со ризиците, меѓу другото стекнувајќи се со групациски лиценци од оваа област.

Александар Џорџевиќ кариерата ја започнува во 2008 година во Asseco SEE, Белград, Србија, на позицијата проект-менаџер за имплементација на банкарски софтверски решенија. Во 2014 година Џорџевиќ преминува во Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ), Белград, Србија, како проект-менаџер одговорен за проектот за Реформа на системот за јавни финансии, односно управување и поддршка на целиот процес на трансформација и организациско реструктурирање на Даночната управа и на Министерството за финансии на Република Србија. Кон тимот на Ерсте и Штаермеркише Групацијата, Џорџевиќ се приклучува во мај 2019 година, на позицијата проектен и процесен менаџер одговорен за Југоисточна Европа. Директно водел комплексни програми и проекти од клучно значење за Ерсте и Шпаркасе Групацијата, а бил и стрим-лидер одговорен за ИТ и организација, за успешно водење на интеграцијата на Шпаркасе и Охридска Банка.

Шпаркасе Банка им посакува добредојде на своите нови членови во УО. Нивните свежи перспективи, иновативни идеи и непоколеблива посветеност ќе бидат насочени кон понатамошен успех на Банката. Нивната стручност и лидерство несомнено ќе нè инспирираат да достигнеме нови височини и да ги постигнеме нашите колективни цели.

Заедно, формираме силен и обединет тим, водени од заедничка визија за извонредност и посветеност да им служиме на нашите клиенти со интегритет и професионализам.

#ВерувајВоИднината

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ