10 Мај, 2024
0.0253

РАБОТНИЦИТЕ БЕГААТ НА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, А ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ БЕГААТ ВО ПОЕВТИНИ ЗЕМЈИ: Владата ставена во небрано, мора да најде решение

Објавено во: Финансии, Свет 17 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Инвестициите на Германија во странство значително ги надминаа странските инвестиции во Германија и во 2023 година, потврдувајќи ги оценките за деиндустријализација, предупреди денеска институтот IW. Минатата година странските компании инвестираа само околу 22 милијарди евра во најголемата европска економија, соопшти IW.

Минатата година, пак, германските компании инвестирале дури 116 милијарди евра во странство. Околу 90 милијарди евра неодамна беа насочени кон другите членки на ЕУ, пред се кон земјите од Бенелукс и Франција. Странските компании инвестираа малку во Германија, со исклучок на помали аквизиции или проекти, што покажува послаби услови во споредба со глобалната конкуренција, истакна IW.

Поради високите трошоци, се повеќе германски компании се селат во поевтини земји

Предноста на германските инвестиции во странство во споредба со странските инвестиции во Германија минатата година падна на „само“ 94 милијарди евра, забележува институтот, од 125 милијарди во 2022 година, што е највисоко ниво од 1971 година, според истражувањето засновано на податоците на централната банка.

Германските инвестиции во странство од година во година ги надминуваат инвестициите на странските компании во Германија, што покажува дека тоа не се исклучоци, туку симптом на деиндустријализација, заклучува IW. Високите трошоци принудија многу германски компании да преселат делови или целото свое работење во поевтини земји, како што се европските економии во развој.

Иако притисокот на трошоците за енергија е намален, германските инвестиции во странство сепак значително ги надминуваат странските инвестиции во Германија, што доведува до заклучок дека таа сè уште не е доволно привлечна за бизнис, забележуваат тие.

Уделот на индустријата во германската економија е нешто поголем од 20 проценти

Владата го забележа проблемот и сега мора да преземе конкретни мерки и да им обезбеди на компаниите, меѓу другото, политичка рамка која ќе овозможи планирање, а со тоа и сигурност на инвестициите, заклучуваат тие. Ако продолжи како порано, деиндустријализацијата би можела значително да се забрза, предупредува економистот на IW, Кристијан Руше.

Уделот на индустријата во германската економија е нешто поголем од 20 отсто, а услужниот сектор дури 70 отсто, покажуваат податоците на Министерството за економија.


Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди