27 Април, 2024
0.0283

Политичка (не)коректност

Објавено во: Македонија, Колумни 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Никола Макијавели, еден од најпознатите ренесансни политички филозофи и  векови подоцна е актуелен, цитиран и катадневно присутен, посебно кога се во прашање политички теми, дилеми,прашања, проблеми и избори. Не верувам дека постои академски граѓанин кој не чул за терминот макијавелизам, кој и ден денес е синоним за бескрупулозност, или за познатата синтагма “целта ги оправдува средствата”, максима која се изрекува посебно за политичарите и тоа како метафора за победа во политичка битка по секоја цена или народски кажано “газење преку лешеви”. Не случајно ја почнувам колумната со Макијавели, бидејќи толку многу беше цитиран и практициран за време на последниве локални избори, кои во одредени градови се уште го немаат добиено својот финиш. До таа мера се одеше со дискредитација и омаловажување на политички другиот или политичкиот противник, што и самиот Макијавели може да позавиди, и денес, некој друг негов следбеник, да напише уште поинтензивно и пореално дело од неговиот “Владетел”.

  Какви пораки добивавме и се уште добиваме од политичарите кои треба да ни ги водат нашите општини, нашиот град, од оние кои се креатори на јавното мнение и во чии раце, на суптилен начин, е судбината на многумина. Пораки, писанија, брошури кои изобилуваат со толку многу ветувања, и читајќи ги добиваш впечаток дека живееш во Њујорк, или Берлин и очекуваш локалните проблеми да исчезнат уште во првите денови на владеењето на локалните власти. А реалноста е многу посурова и е далеку од шарени лаги и преувеличани вистини, кои за жал многумина, пред се партиските послушници,  ги голтаат со толкава леснотија,чиниш се реални и лесно остварливи. И не за џабе Макијавели рекол дека владеењето (политиката) не оди рака под рака со моралот и дека владетелот или политичарот мора да биде надвор од обичајните морални кочници, бидејќи во политиката доброто и посакуваното не се исто што и доброто и посакуваното во секојдневниот живот.  Посебно кога ќе го чуете вокабуларот на одредени политичари сфаќате колку се далеку од морално подобни личности. Да е трагедијата уште поголема, истите тие градоначалници или кандидати за градоначалници полни се со омраза и негативен набој кон политичкиот противник, што блујат отров и злоба при секоја можност да го дискредитираат политички другиот. А кутрите пак кога ги гледате на медиумите изгледаат толку фини и добродушни и така милно ви продаваат вредности и морал, што доколку не ги знаете или не сте ги чуле нивните говори, може и ќе им поверувате во нивната наивност, но за среќа народот не е со кратко помнење и слушајќи ги му се гади од нивното хипокритизерство.

  Точно е дека политичарот, по теркот на Макијавели, не може истовремено и да го сакате и да му се плашите, тоа е само по себе неспоиво и непоимливо, и затоа најчесто како препорака за да бидеш добар носител на политичка функција е позначаен вториот сегмент. Секако дека политичарите не убедуваат дека тие мислат на нас, ни се умилкуваат, потпикнуваат, додворуваат, се со цел да се развие една блага наклоност, симпатија и позитивна емоција кон нив, но за среќа нивната реана слика мошне брзо ни се открива и сфаќаме дека станува збор за волци во јагнешка кожа. И токму стравот, кој владееше сиве овие години, и токму макијавелизмот кој беше величан од оние кои до скоро ја практицираа и централната и локалната власт, беше причина за стравот и грчот во кој егзистираа луѓето, често несвесни за сета болка која ја преживуваат и бирајќи го најмалото од сите понудени зла. Промените покажаа дека стравот може конечно да го ослободиме и позитивните емоции да завладеат кај секое битие.

  Уште еднаш ќе се навратам на голготата која ја преживувавме со години и како тоа со леснотија сме го поднесувале, сметајќи дека има уште многу до дното, а всушност дното било одамна над нас. И она што не можам да го сфатам се уште дека и во оваа последнава политичка кампања постојат локални моќници кои мислат дека општината им е семејно наследство, и со тоа самите уште повеќе тонат во живата кал. Се изнаслушавме еден тон небулози и лаги, се изнаслушавме еден куп лоши говори и бледи копии на некои поранешни политичари, божем фајтери, но само малку останало од тоа. А она што згрозуваше и што беше крајно политички некоректно беше дискриминацијата и плукањето по сите основи на политичкиот противник. Слушнавме за бегалски кампови, за лицитација со идентитет, па се до хомофобни изјави и гнасни етикети, кои нормалниот ум не може да ги перцепира и восприема. И тогаш си велите, па зарем до тука е дојдено, зарем тие личности го достигнале сопственото морално дно и веќе без никакви скрупули шират лаги и невистини? Е затоа многумина од нив беа политички казнети, но истовремено тоа е и опомена за секој следен дека блуењето лаги, невистини и оцрнувањето на лична основа на својот политички противник апсолутно не носат бенефит, напротив, само казната е поголема и цената што се плаќа е повисока. Памет не за некого, туку за секого, политичката коректност треба да биде пред се и над се во секоја политичка битка.

Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“