19 Мај, 2024
0.0282

(ВИДЕО) ОВА ТРЕБАЛО ДА БИДЕ „ПОДАРОК“ ЗА ПУТИН ЗА ИНАУГУРАЦИЈАТА: Украина уапси руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Објавено во: Свет 07 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Украинските разузнавачи објавија дека осуетиле руска завера чија цел била атентат на претседателот Зеленски. Украинската служба за државна безбедност (СБУ) објави дека се уапсени руски агенти кои биле вработени во Украинската државна стража. Покрај убиство на Зеленски, украинските разузнувачи наведуваат дека цел на руските агенти биле и други високи држави претставници.

Шефот на СБУ, Васил Маљик изјави дека неуспешниот атентат требало да биде „подарок“ за рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата денешна инаугурација.

„Ограничен број на луѓе знаеја за нашата специјална операција, а јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој требаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, е промашување на руските специјални служби“, рече Маљик.

На Телеграм каналот на СБУ стои дека руски таен агент пренел координати на безбедна куќа пред планираниот воздушен напад.

„Покрај Володимир Зеленски, непријателот планирал елиминација и на шефот на службата за безбедност на Украина, Васил Маљик, шефот на воената разузнувачката служба, Кирил Буданов и други високи официјални лица“, стои во објавата на СБУ.

Разузнувачите додаваат дека Русија планирала да ги уништи сите траги на дронот што ќе се користел за гаѓање на Зеленски со друга ракета.

Откако почна војната во Украина на 24 февруари 2022 година, како што тврдеа украинските власти, спречени се повеќе обиди за атентат. 


Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години