05 Мај, 2024
0.0249

ПЕСИМИЗАМ МЕЃУ ЕКСПЕРТИТЕ: Економијата во минус од 13,6 отсто

Објавено во: Економија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Откако Владата излезе со проекција дека економијата на земјава годинава ќе падне за 3,4 отсто, а со слична прогноза излезе и Народната банка, која очекува забавување на економската активност од 3,5 проценти, дел од економските експерти се многу поголеми песимисти.

Во интервју за Фактор, Марјан Бојаџиев, шеф на катедрата Бизнис Администрација на Универзитетот Американ Колеџ, вели дека лично, е многу поголем песимист. Неговите очекувања се дека БДП на земјава ќе се намали за 13,68 отсто оваа година.

„За жал, можам да кажам дека сум многу поголем песимист. Лично мислам, се разбира за жал, дека падот ќе биде многу посериозен. Би цитирал еден многу интересен труд неодамна објавен на George Mason универзитетот, според кој падот во САД би изнесувал 10 отсто, а според друг труд би изнесувал до 25 проценти. Овој труд поаѓа од претпоставка дека традиционалните макроекономски индиктори едноставно се уште не се достапни за 2020 година. Затоа, прашањето на стапките на раст  на економијата се пресметува според степенот на дигитализацијата на поедини индустрии и окрузи во САД. Заклучокот е дека индустриите кои се високо дигитализирани би имале пад на стапката на раст минус 2,78 отсто, а оние кои се ниско дигитализирани би имале негативна стапка од минус 5,56 отсто. Бидејќи проекцијата за раст на САД изнесува  2 отсто, тоа значи дека се очекува пад од минус 0,78 отсто, минус 3,36 отсто респективно, за еден месец. За ниво од два месеци траење на кризата, кумулативниот ефект се проценува на 10 отсто пад на БДП. Друг труд дава уште попесимистичка прогноза за САД. Според оваа анализа, падот во вториот  квартал ќе биде драматичен,  односно ќе изнесува дури 63 отсто, со што падот на БДП на годишно ниво би изнесувал 25 проценти“, вели професорот Бојаџиев. 

Во Европа, вели тој, се проценува пад на Еврозоната од 12 отсто, а во Германија  падот на БДП се предвидува да изнесува 6,3 отсто. 

„Мое мислење, кое во овој момент не можам да го поткрепам со квантитативни извори, а се базира на контакти со стопанственици, е дека пад од 3, 8 отсто на годишно ниво е  исклучително оптимистичко сценарио и дека оваа проекција дадена на 11 април треба да се зголеми за времетраење на кризата. Сметајќи интензивна криза од 15 март до 15 мај, како и најмалку уште едва месеци на враќање во кондиција на економијата, проекцијата ја мултиплицирав четирикратно. Со  тоа доаѓаме до пад од 15 отсто, односно со 10 отсто грешка доаѓаме до пад во интервал од 13,68 отсто до 16,72 отсто. Да не бидам голем песимист, ќе ја земам бројката од 13,6 отсто. Да заклучиме: ако во Хрватска се предвидува пад од 9 отсто, во Германија од 6 отсто, во Еврозоната 12 отсто, не гледам како во Македонија би бил 4 отсто.  Напротив, мислам дека во Северна Македонија ќе биде 13,68 отсто. Се разбира со оградување дека во моментот на завршуавње на овој текст имаме лимитрани сознанија за иниот тек на епидемијата“. вели Бојаџиев.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години