Објавено писмо кое открива дека Караманлис прифатил име Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан 02 Јули, 2019
Пред изборите во Грција, СИРИЗА излезе со „изборна бомба“ – едно писмо од нафатлин од тогашниот премиер Костас Караманлис до претседателот на САД, Џорџ Буш, а се однесува на името на нашата земја.
Содржината на писмото е сочна и денес затоа што се однесува на името на Македонија, или како што Грците тогаш ја викаа земјата ПЈРМ, објавуваат повеќе грчки медиуми, меѓу кои и ИБНА.
Клучна поента во писмото до Буш е што Карманлис ја прифаќа двојната формула како појдовна основа за конечно решение на спорот за името, а Македонија да не го менува уставот. Во 2005 година САД веќе ја имаа признаено Македонија под нејзиното уставно име.
Министерот за надворешни работи Џорџ Катругалос, изјави дека со обелоденувањето на писмото се открива „хипокризијата“ на Нова демократија за критиките на Преспанскиот договор.
Во грчките медиуми не е објавено преку кои канали е дојдено до писмото.