19 Мај, 2024
0.0408

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

ГЛАСАА БОЛНИТЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

За разлика од првиот круг на претседателските избори пред две недели, кога гласаа над девет илјади лица пријавени како болни и изнемоштени, бројката сега порасна. Денеска, за вториот круг од претседателските избори пријавени за гласање се 11.095 лица, додека пак за парламентарните избори правото на глас најавиле дека ќе го остварат 11.197 болни и изнемоштени.

Освен гласање во домовите на болните, но и во старските домови каде се пријавени 534 лица, избирачкиот процес денеска се одвива и во казнено-поправните установи за 2.147 затвореници и притвореници.

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА

Откако објави дека имал закани од Кичеец, сега Боки 13 објави дека Кичеец го пријавил во полициска станица, каде завршил на информативен разговор.

„Ете бидна и информативниот разговор во врска со пријавата од страна на Кичеец!

Замислете ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел… кажете му дека ќе го демнам се додека не одговара и не биде санкциониран за сите криминали и злодела!!!

МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ПУТИН

И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин. 

По инструкции на Министерството за надворешни работи, амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев, не присуствуваше на денешната церемонија во Москва, со што Северна Македонија им се придружи на САД и повеќето членки на ЕУ кои решија да ја бојкотираат инаугурацијата, пренесе 360 степени.  Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година.

Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што наведе, тој треба да биде под рамноправни услови. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Како се прави чист профит поголем од три милиони евра за само три месеци, рецептот го има прилепскиот „Мермерен комбинат“.

Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое од лани ја организира изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10д со изведувачот „Бехтел и Енка“, на крајот од минатата година оствари добивка од речиси 100 милиони евра.

Државите треба да создаваат резерви во текот на „нормалните“ денови, за да има можности за реакции во кризни времиња. Ова е генералниот заклучок од истражувањето кое го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид