29 Април, 2024
0.0268

О2 Иницијатива: „Дивелоп груп“ на Мијалкови започнува да го гради луксузниот хотел во Охрид

Објавено во: Македонија 14 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Активистичката „О2 Иницијатива“ вчера реагираше на социјалните мрежи дека „Дивелоп Груп“, градежна компанија на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, по подолго време откако го купила земјиштето, започнува со градење на луксузниот хотел на ридот кај местото Горица 3 во Охрид.
„После долго време планираниот хотел започнува да се гради. Макотрпно човечки пошумениот рид во минатиот век, продаден пред 10ина години, површина од 15.778 м2, раскрчмен, во сопственост на ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје на Мијалкови, во чија сопственост е и хотелот Мериот на плоштадот Македонија во Скопје.

ДИВЕЛОП ГРУП официјално на хартија е во сопственост на Александар Ивановски - познат како Алек Теранова и БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков.

Прашања кои се наметнуваат: Кој и зошто го продал ова државно богатство кое во минатото педа по педа макотрпно се пошумувало? Кој издал дозвола? Врз основа на каков план? Дали била транспарентна и правилна постапката за издавање на дозволата?“, реагираат од организацијата.


Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците