17 Мај, 2024
0.0287

Нова катна гаража и Барокни сендвичарници ќе никнат во Скопје

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Преку електронско јавно наддавање државата нуди на продажба градежна парцела во Општина Центар во близина на републичкото Собрание наменета за изградба на катна гаража, како и шест парцели за изградба на сендвичарници. Парцелата за катната гаража е со површина од 2.455 метри квадратни. Почетната цена за наддавањето изнесува 1.850 денари за метар квадратен, а пријавите можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 13-ти следниот месец. Банкарската гаранција за учество на наддавањаето изнесува 50.000 евра во денарска противвредност. - Локацијата се наоѓа во близина на Собранието на Република Македонија, во центарот на Скопје и со реализација на оваа катна гаража се очекува да се овозможи поголем простор за паркирање на возилата, соопшти Министерството за транспорт и врски. Шесте локации наменети за изградба на сендвичарници, за кои денеска, исто така, има објава, се со површина од по 8 метри квадратни. Најповолните понудувачи треба да ги изградат објектите во согласност со понуденото идејно решение на град Скопје, изработено од Жарко Чаушевски,познат по веќе реализираните барокни фасади во центарот на градот. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 6.000 денари од метар квадратен, а рокот за доставување на понудите за учество е 13-ти следниот месец. Банкарската гаранција за учество на јавното наддавање е 30.000 евра. Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање