01 Ноември, 2024
0.0289

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

До Управниот суд до денеска до 11 часот е пристигната една тужба против одлуката на Државната изборна комисија од Коалицијата Вреди за Парламентарните избори 2024. Тужбата, се однесува на одлуката на ДИК за гласањето во долна Бањица, гостиварско. Претпладнево тужба против одлуката на ДИК ќе биде упатена до Управниот суд и од ДУИ за сите седум места каде што е поништено гласањето. 

На веб - страната на Управниот суд е објавено дека ја известува јавноста дека синоќа во 22:33 часот, по поднесена тужба од Коалиција Вреди на Парламентарните избори 2024 против Одлука на Државна Изборна Комисија УП1 бр.10-14 од 14.05.2024 година, оформен е предмет УРП.бр.86/2024. По поднесената тужба, Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно роковите определени во Изборниот законик. Крајниот рок за овој предмет истекува на полноќ. 

Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но исто така утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај. 

До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа  групни. Оттаму посочуваат дека тие внимателно ги разгледувале сите приговори, а усвоиле само седум односно таму каде што има основи и каде што е евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево. 

Членовите на ДИК за еден од приговорите одлуката ја донесоа едногласно, додека за сите останати имаше шест гласа „за“, а еден „против“. 

Во однос на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој беше претседателски кандидат на ДУИ и портпарол на партијата, од ДИК посочуваат дека не сакаат да коментираат политички изјави, но велат дека таа е неоснована. 

Откако беше поништено гласањето во шест избирачки места во ИЕ5 и едно во ИЕ 6 и стана јасно дека се загрозени два мандати на ДУИ, Османи на средба со неколку амбасадори вчера реагираше на работата на Државната изборна комисија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта