НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште
Објавено во: Свет 18 Април, 2024
Две девојчиња се повредени со нож во близина на училиште во Франција, а напаѓачот е приведен.
Станува збор за девојчиња на возраст од 6 и 11 години кои се полесно повредени со нож денеска во близина на своето училиште во Соугелвејерсхајм на истокот на државата. 11-годишното девојче е повредено со нож пред училиштето, а другото е избодено на блискиот плоштад. Тие имаат површински рани и се хоспитализирани.
Напаѓачот е приведен некако по 14. 15 часот на плоштадот. Повеќе немал нож во раката и не пружал отпор.
„Човекот не ѝ е познат на полицијата и се чини дека неговите мотиви не биле поврзани со радикализации“, наведе жандармеријата.
Пред училиштето се распоредени неколку пожарникарски возила и возила на силите на редот.