На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?
Објавено во: Македонија 28 Март, 2024
На Бујар Османи му е предложено по мандатот како министер за надворешни работи да се кандидира за генерален секретар на НАТО, пренесуваат повеќе медиуми на албански јазик.
Веста ја објави и ТВ21 повикувајќи се на дипломатски извори. И самиот Османи потврди дека има препораки од меѓународни организации, но без конкретно да посочи кои.
„Точно е дека имам некои препораки за некои меѓународни организации, но сега сум фокусиран на моите политички определби во земјата“, рече тој.
Актуелен генерален секретар на НАТО е Јенс Столтенберг.