19 Мај, 2024
0.0285

На бизнисмените не им се донира преку Владата

Објавено во: Економија 11 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Бизнисмените барем досега не покажуваат посебен интерес за донирање во солидарниот фонд на Владата преку посебна наменска сметка за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот: 

По точно еден месец откако Генералниот секретар ја отвори сметката, според одговорот што го доби „Фактор“ од Владата, досега се уплатени само 100.000 евра, а во ова сума се вклучени и донациите кои самоиницијативно ги плаќаат и државните функционери. Станува збор до сега за 101 трансакција, или во просек 1.000 евра по уплата.

„Заклучно со извод од 07.05.2020 година, на донаторската сметка на Владата на Република Северна Македонија отворена за уплата на средства за справување со кризата со КОВИД-19, уплатени се вкупно 6.074.560 денари од правни и физички лица, преку извршени 101 уплата. Првата уплата е извршена на 09.04.2020“, гласи во одговорот од Владата на нашето прашање за тоа колу средства до сега се собрани во солидарниот фонд.

За разлика од владината, на донаторската сметка во Министерството за здравство има донации во износ од повеќе од 100 милиони денари до сега, информираат од Владата. Се уште постои иницијативата со име и со презиме да се истакнат физичките и правни лица кои донирале и со тоа јавно да добијат признание. 

„Министерство за финансии работи платформа која од една страна ќе овозможи полесно донирање за сите оние кои се во можност и сакаат да донираат, а од друга страна ќе ја зголеми транспарентноста на целиот процес. На веб страната е планирано и да се објавуваат сите донатори, доколку за истото се сложиле“, се вели дополнително во одговорот.

Фондот беше озаконет со уредба на 18 април со која се уредува формирањето, финансирањето, како и намената на средствата на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19. 

Беше предвидено паричните средства да бидат уплатувани од приватни физички и правни лица, но и од правни лица во сопственост на државата, односно од парични средства во износ од разликата од полниот износ од нето платата до 14.500 денари на именуваните функционери во јавниот сектор и на вонредните и ополномоштени амбасадори и генерални конзули. 

Фондот требаше да го полнат паричните паушали и паричните надоместоци кои нема да се исплатат на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба, како и паричните надоместоци на лицата ангажирани по основ на склучен договор за дело кои нема да се исплатат

Во овој фонд требаше да влезат и паричните додатоци и надоместоците на плата кои нема да се исплатат за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, за што Уставниот суд го сопре извршувањето на уредбата, исто како што беше запрена и уредбата за намалување на платите на именуваните функционери до 14.500 денари, пари кои потоа требаше да одат во фондот.

Средствата собрани во Фондот, ќе се користат за финансиска поддршка на економските мерки за помош и поддршка на микро, малите, средните и големите претпријатија во надминување на економската криза предизвикана од COVID-19.

По непопуларната одлуката донесена од Уставен суд, голем број на функционери јавно се декларираа дека самоиницијативно ќе ги донираат своите цели плати, или пак целокупниот приход без оние минимални 14.500 денари.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници