01 Мај, 2024
0.0289

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Објавено во: Македонија 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ даде „дипломатски“ коментари на информацијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека Македонија ќе ја поддржи Резолуцијата за Сребреница со тоа што ќе биде коспонзор.

Османи организираше прес-конференција на која рече дека Северна Македонија одлучила да биде коспонзор на Резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година.

Министерот Османи најави дека резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на Обединетите нации, а гласањето ќе се одржи на 2 мај, а ги повика и другите земји да ја поддржат резолуцијата.

Како што е веќе познато, резолуцијата за Сребреница ја поддржаа Соединетите Американски Држави, Италија, Франција, а покрај нив на оваа листа се Германија, Албанија, Чиле, Финска, Ирска, Јордан, Лихтенштајн, Малезија, Холандија, Нов Зеланд, Руанда, Словенија и Турција.

Маричиќ рече дека односот на земјата кон Сребреница е јасно дефиниран со Декларација во Собранието во 2010 година. Според Маричиќ, одговорноста треба да биде индивидуална, а не колективна.

– Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со соопштение на Собранието на почетокот на 2010 година, кога нашето Собрание едногласно ја поддржа резолуцијата на ЕП за Сребреница, каде што беше осудена како геноцид. Меѓутоа, мора да разликуваме две работи, едната е во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница мора да се индивидуализира и затоа има судови и меѓународни трибунали, тоа мора да биде по име и презиме, за во никој случај да не се поврзува со цел народ или цела држава – рече вицепремиерот..

За најавата на Османи дека на седницата на Владата ќе предложи повлекување на земјава од иницијативата Отворен Балкан, тој вели дека треба да продолжат сите иницијативи кои се во корист на граѓаните на Македонија. Членството во Отворен Балкан, смета Маричиќ, не треба да се политизира.

Османи претходно речедека има информации дека зад настаните во Баница стои Србија и според тоа, Македонија треба да излезе во „Отворен Балкан“.


Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски