МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА: Некој друг го направи тоа, па го намести
Објавено во: Балкан 12 Април, 2024
Мајката на убиецот на Данка Илиќ, Светлана Драгијевиќ, по вчерашниот погреб на нејзиниот син првпат во јавноста проговори за случајот за Информер.
Таа тврди дека нејзиниот син не е виновен.
„Некој друг го направи тоа, па го намести. Се плашам од полицијата и од сите, само ме сликаат! Сите дојдоа, изнесоа секакви работи, имам седум документи. Ја зедоа моторната пила, беа во бели одела и земаа брисеви, беа од 10 до три и пол наутро, имам во документите“, рече Светлана.
Таа цело време повторува дека се плаши да не остане сама.
„Сама одам во амбуланта, доаѓаат од Итна помош да ми измерат притисок. Соседите доаѓаат да седат кај мене навечер, се плашам да бидам сама поради новинарите, само ме сликаат и пишуваат. Утре одам на гробишта. Мислам дека мојот син не е виновен, но не знам ништо. Немам никаков контакт со него, не знам ни како призна Дејан, тоа е местенка“, кажа таа.
Данка Илиќ од Бор исчезна на 26 март, а на 4 април српската полиција официјално објави дека девојчето е убиено. Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) со возило го удриле детето. После тоа, наводно претпоставиле дека девојчето е мртво и ја ставиле во автомобилот, а кога сфатиле дека е жива, едниот од нив ја задавил и го фрлиле телото.
Телото не е најдено. Се смета дека убијците му направиле нешто страшно на детето и затоа не кажуваат каде е телото, за да не се дознае вистината.