01 Мај, 2024
0.0268

„ЛЕКУВАЊЕТО СИ ГО ПЛАЌАМЕ ПРИВАТНО“: Специјализантите стапија во штрајк, бараат повисоки плати, но и здравствено осигурување

Објавено во: Македонија 15 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Без здравствено осгурување, специјализантите се пожалија дека здравствените услуги кои биле неопходни на државните клиники ги плаќаат од хонорарот кој достигунува само 26 илјади денари. Но, тоа не е се, тие немаат регулиран статус како вработени, па немаат ниту пензиско осгурување, а во случај да останат бремени, младите специјализантки остнауваат и без хонорар и без надомест за трудници.

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. 

Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во износ од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- Бараме зголемување на нашиот надомест, кој сега достигнува 26 илјади денари, да достигне ниво на просечна плата на доктори во јавна здравствена установо во земајва. Бараме и промена на нашиот статуст, бидејќи сме како невработени, без здравствено и социјално осгирување. 

За жал, се решивме на овој чекор, а тоа е штрајк во кој учествуваат над 400 специјализнати, бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми - изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада, но дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

- Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети - нагласи Илиоска Чешлароска.

Со штрајкот специјализантите воопшто нема да покриваат од досегашните работни обврски, меѓу кои и нема покривање на смена, ниту пак дежурства. 

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. 

Посочи дека е многу разочарувачки што послед долги години учење и обуки, при активно учество на амбулатнтите, учество во операциони сали, преземање на сите обврски како и докторите, се без здравствно и пензиско осигурување, и со минимални примања. Посочија дека сами плаќаат приватно прегледи и потребни лекувања ако се случи да се разболат, иако работат на клиниките. 

На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. 

Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите. 

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски