19 Мај, 2024
0.0301

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“, одговориле од ВМРО-ДПМНЕ за 360 степени за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари.

Инаку, како што претходно јави ТВ 21, средбата меѓу Мицкоски и Таравари се случила во седиштето на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска попладне се сретнал со еден од предводниците на коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“ и доскорешен кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари. 

Средбата за „360 степени“ ја потврдијле од ВМРО-ДПМНЕ. 

Во краткиот одговор рекле дека на средбата Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка. 

Средбата доаѓа на два дена пред парламентарните и вториот круг на претседателските избори во кои за функцијата шеф на државата силите ќе ги одмерат кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силајновска-Давкова и актуелниот претседател на земјата и адут на СДСМ, Стево Пендаровски. 

„Точно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше средба со Арбен Таравари попладнево и се разговараше за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка“, одговориле од ВМРО-ДПМНЕ за денешната средба на лидерот на партијата со Таравари. 

Инаку, како што претходно јави ТВ 21, средбата меѓу Мицкоски и Таравари се случила во седиштето на коалицијата „Вреди“ на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.  

На прашање на ТВ 21 за што се разговарло на средбата и со зошто на неа не биле присутни другите лидери на коалицијата, од „Вреди одговориле дека сите лидери се во целосна координација, а не биле присутни поради активностите на терен.  

Од ВМРО-ДПМНЕ нема информација дали на средбата било разговарно и на тема околу уставните измени, што коалицијата „Вреди“ ги посочува како еден условите за евентуална нивна партиципација во идната влада. 

Фото:  ТВ 21 Принтскрин (Фејсбук)

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево