26 Април, 2024
0.0431

КОСТАДИН ФИЛИПОВ: ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ ДА ГИ ВРАТАТ БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

„Многу од пратениците на ВМРО ДПМНЕ имаат бугарски пасоши, бугарско државјанство, а не влегоа во Собранието да гласаат за ратификација на Договорот за добрососедство и соработка. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ можеа барем да присустуваат  во Собранието за да има поголем легитимитет гласањето,  без разлика што  се  против Договорот меѓу Македонија и Бугарија.  Тоа беше срамна одлука на пратениците на најголемата опозициска партија“  порача бугарскиот новинар,  Костадин Филипов во интервју за емисијата Фактор магазин на ТВ24.

„Кога веќе го бојкотираат гласањето за ратификација на Договорот за Добрососедство, тогаш пратениците од ВМРО ДПМНЕ нека ги вратат бугарските пасоши“, порача  доајенот на бугарското новинарство и долгогодишен дописник на БНТ од Скопје, Костадин Филипов.

Филипов вели дека  според некои неофицијални информаци повеќе од 100 илјади македонски граѓани веќе имаат бугарско државјанство, додавајќи  дека интересот кај Македонците за бугарски пасош и понатаму ќе биде голем сѐ додека Македонија не влезе во ЕУ. 

„Дилемата ми е ако имате попис како тие луѓе  кои имаат и бугарско државјанство како ќе се  изјаснат  како Македонци, Бугари, Албанци, Власи, Турци?“- прашува Филипов.  

Во однос на макеоднско-грчкиот спор за името,  Филипов не  исклучува Бугарија да се противи на евентуално решение кое би го постигнале Скопје  и Атина.

„Во дел бугарските политичките кругови има одреден страв дека со некоја географска одредница во името како на пример Северна или Горна тоа би можело да значи дека Грција  во некој момент може да има претензии кон Пиринскиот крај кон географска област Македонија. Од трите варијанти Северна, Горна или Вардаска Македонија изгледа властите во Софија  би сакале решението да биде Вардарска Македонија бидејќи тоа е поблиску до  денешната слободна, независна и суверена  Македонија“ - рече Филипов кој беше дел од  делегација која ја предводеше бугарскиот претседател Радев за време не неговата посета на Скопје. 


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“