Јани Макрадули: Ние веќе го осудивме масакрот во Сребреница во 2010
Објавено во: Македонија 17 Април, 2024
Изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека Македонија е коспонзор на документ кој ќе се гласа во ОН, за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцид во Сребреница, донесе низа негативни реакции во земјата , но и надвор од неа.
Поранешниот пратеник и функционер на СДСМ, Јани Макрадули, во емисијата „Здраво Македонија“ на Канал 5 претпладнево рече дека не треба некој да се лути или да не се согласува со тоа, затоа што Собранието веќе донело осуда на актот во Сребреница во 2010.
- Не верувам дека некој ќе прави самоволен акт без консултација, тоа е само мој впечаток, Во 2010 ние донесовме во Собранието резолуција поддржана од сите политички партии. Да се потсетат дека стоеле на една осуда на чин кој е нечовечки за тоа врее. Не верувам дека тоа е направено без консултации и дека Османи ќе направи некоординиран потег. Сега откако некој тоа го прави заради дневна политика, прво да си погледне назад што донела историјата, речеМакрадули.
Од друга страна, некои политичари реагираа дека Македонија не треба да фаќа страна по ова прашање во време кога „во Газа се врши геноцид“.