10 Мај, 2024
0.0268

ИМОТИ „ТЕШКИ“ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ПОД ХИПОТЕКА – Македонците не се двоумат да ги заложат само да дојдат до кредити

Објавено во: Финансии 15 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Последните три месеци од минатата година значително пораснал бројот на имоти кои се ставени под хипотека. Имено како што покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини во последните три месеци од минатата година под хипотека се ставни најголем број имоти во споредба со претходните квартали, но и во споредба со истиот квартал од 2022 година.

Имено извештаите на Катастар покажуваат дека во периодот од октомври - декември 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 2.504 и со вкупна вредност од 512,3 милиони евра или 2,77 милијарди денари.

Третиот квартал од минатата година се упишани помалку хипотеки во Катастарот. Како што може да се види од кварталниот извештај, во периодот јули - септември 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.776 и со вкупна вредност од 376 милиони евра или 1,97 милијарди денари.

Летните месеци биле запишани уште повеќе имоти, во овој период во Катастарот под хипотека биле ставени скоро 1.900 објекти. Поточно, во периодот април - јуни 2023 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.888 и со вкупна вредност од 295 милиони евра или 2,4 милјарди денари.

Првиот квартал од минатата година под хипотека се запишани 1.670 недвижнини, чија вкупна вредност достигнува 229 милиони евра или 3,3 милијарди денари.

Бројките говорат дека и други години имало повеќе имоти запишано под хипотека на крајот на годината, но сепак, четвртиот квартал од 2023 година има убедливо најмногу записи.

Па така во периодот октомври - декември 2022 година се запишани товари врз недвижностите во вкупен број од 1.956 и со вкупна вредност од 434 милиони евра или 2,3 милијарди денари.

Бројките покажуваат дека во текот на минатата година под хипотека биле ставени скоро осум илјади недвижнини или поточно вкупно 7.838 објекти. Притоа вредноста на недвижнините ставени под хипотека достигнува 1,41 милијарди евра.

Нашите пресметки покажуваат дека бројот и вредноста на имотите кои минатата година завршиле под хипотека е помала во споредба со имотите ставени под хипотека во 2022 година. Имено во текот на 2022 година во катастарот се запишани хипотеки врз 7.658 недвижнини чија вкупна вредност достигнува 1,55 милијарди евра. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди