04 Мај, 2024
0.0246

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

Објавено во: Свет 20 Април, 2024

Добивај вести на Viber

САД ја повлекуваат војската од Нигер. Нешто повеќе од илјада американски војници се стационирани во Нигер.

Американската војска во Нигер оперира од две бази, вклучително и база за беспилотни летала позната како Воздушна база 201 изградена во близина на Агадез во централен Нигер за повеќе од 100 милиони долари.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите на Исламската држава и организацијата Џемаат Нусрат ал Ислам вал-Муслимин, која е огранок на Ал Каеда во Сахел.

„САД ќе ги повлечат своите војници од Нигер“, изјави доцна синоќа извор за Ројтерс, додавајќи дека е постигнат договор меѓу американскиот заменик државен секретар Курт Кембел и раководството на Нигер.

Лани војската ја презеде власта со државен удар во Нигер. До пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција.

Тие ќе си заминат и од друга земја. Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи додека Русија го проширува влијанието во Африка. 

САД ризикуваат да го загубат своето воено присуство во друга африканска земја бидејќи владата на Чад испрати писмо во кое се заканува дека ќе го прекине критичниот безбедносен договор, потег што се заканува да и отстапи поголемо влијание во регионот на Русија, пренесува „CNN“.

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)