01 Мај, 2024
0.0263

Го користиме за многу јадења, но него го снемува на нивите и ќе биде поскап

Објавено во: Економија, Агробизнис 18 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Кромидот е неизбежен дел од многу македонски јадења. Бучин е крушевско село познато по долгата традиција на производство на кромид. Но, површините засадени со кромид сега се многу помали од порано.

Причините зошто е така се добро познати, а тоа е дека младите се иселуваат, старите не можат да работат и проблем е пласманот. Ана Пачешкоска, директорка на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Бучин, се занимава со земјоделство и вели дека денес секоја десетта куќа во селото сади кромид, а тоа е многу помалку од претходно. Објаснува дека трошоците за производство се зголемени, мораат да прскаат, а за разлика од порано кога се работело рачно, со мотика и наводнувале од реката, сега користат машини и систем капка по капка. Но, тоа си повлекува плус трошоци. Како што додава, сега кромидот го откупуваат на големо за 30 до 40 денари за килограм. Таа вели дека килограм не треба да падне под оваа цена за да им се исплати трудот.

„Ние садевме 4 декари, а сега имаме 2 декари со кромид и на таа површина се раѓаат 10 тони кромид. Селото има околу 280 aктивни куќи, зборувам за постојани жители, но има и луѓе кои живеат во Прилеп или Битола, а садат кромид во селото. Има и жители кои воопшто не садат кромид. Младите го избегнуваат земјоделството, затоа што оваа работа е потценета. Пред 10 години се произведуваа 4.000 тони, а денес околу 400-500 тони“, вели Пачешкоска.

Објаснува дека и во училиштето каде таа е директорка, одбележуваат Ден на кромидот.

„Во декември одбележуваме Ден на кромидот, при што родителите на децата подготвуваат специјалитети со кромид. Има богата трпеза, јадења кои вклучуваат кромид, месено, јадења со компир, со месо и слично. Целта е децата да научат повеќе за традицијата на селото“, вели директорката.

Се споменува дека во 1910 година во селото почнал да се произведува бучинскиот кромид. Изминативе години се случуваше град да ги оштети насадите по нивите. Земјоделската работа многу зависи од временските услови.  Ако ги погледнеме статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) на годишно ниво во земјава се произведуваат над 50.000 или нешто над 60.000 тони кромид. Во 2012 година имало послабо производство од 43.732 тони, а во 2016 се произведени 60.958 тони кромид. Просечниот принос по хектар варирал од 12.000 до 17.000 килограми. Минатиот месец на пазарите низ Македонија кромидот чинеше и до 80 денари за килограм.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција