27 Април, 2024
0.0294

(ГАЛЕРИЈА) Се бара Дурловски да биде пуштен од притвор

Објавено во: Македонија, Галерија 11 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во Апелацискиот суд денеска на рочиште адвокатите на оперскиот пејач, Игор Дурловски, побараа укинување на притворот и негова замена со куќен притвор или друга поблага алтернативна мерка за неговото учество во насилството во Собранието на 27 април минатата година.

Неговиот бранител Ставре Џиков наведе дека, „со укинувањето на притворот ќе се постигне правичност“. Тој истакна дека со притворот не само што му се ограничува слободата туку се влијае и на неговиот интегритет и на неговото семејство.

Адвокатот Еленко Миланов рече дека „станува збор за решенија по урнек во кои нема посебни околности зошто на Дурловски да му биде продолжен притворот.“

Според него и куќниот притвор во случајот би бил престрог и додаде дека „во секое време се подготвени да го депонираат пасошот на Дурловски во суд.“

Двајцата адвокати посочија дека Дурловски е уметник и дека тој заедно со неговата сопруга ја претставува земјава во светот.

Дурловски само кратко рече дека останува на ставовите на неговите адвокати, без да додаде ништо повеќе. На седницата беше присутна и сопругата на Дурловски, Ана Дурловска која носеше маичка со ликот на Дурловски и натпис „правда за Игор“ на англиски (justice for Igor).

Претставникот на Вишото јавно обвинителство рече дека жалбата на Дурловски треба да биде одбиена како неоснована и да се потврди притворот.

ФОТО ФАКТОР


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“