30 Април, 2024
0.0258

Фундаментална и Техничка анализа за валутниот пар EUR/USD

Објавено во: Анализа 03 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви спремивме анализа за валутниот пар EUR/USD . Анализата се состои од фундаментални и технички аспекти за овој валутен пар. Фундаментална Анализа за EUR/USD: Еврото во текот на азиското тргување забележа мал пораст од 0,17% по падот предизвикан од лошите економски податоци во еврозоната. Производство се намали дваесет и втори месец по ред со што се зголеми притисокот врз Европската централна банка да ги намали каматните стапки. Сепак на состанокот оваа недела не се очекува дека ЕЦБ ќе ја намали референтната каматна стапка на 0,5%, но минатиот месец, иако Марио Драги сигнализираше дека е подготвен за понатамошна постапка ако економскиот податоци се влошат. Во текот на денешниот ден нас не очекуваат извештаиите за производство во САД, Шпанија, Италија, Велика Британија како и на ниво на еврозоната. Техничка Анализа за EUR/USD: На едночасовниот графикон, на MACD не показува јасен тренд, а додека RSI има растечки тренд. Цена се движи помеѓу средината и горната Bollinger линија, така што е можен понатамошен раст на цената. Нашата препорака би била Куповна позиција. Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.30100, со прва цел на 1.30300 и втора цел на 1.30500. Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.30000, тогаш е можен понатамошен пад до 1.29700. Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок. Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.