ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне
Објавено во: Македонија 19 Април, 2024
Во близина на превојот Стража, утринава се случи сообраќајна несреќа во која едно возило се превртело.
Се уште нема официјални информации за тоа како дошло до несреќата.
Според информациите на терен, со возилото управувала жена, која изгубила контрола над возилото.
Се чека да пристигне полицијата и да направи увид.
Д.Т.