02 Мај, 2024
0.0291

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Објавено во: Економија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Финансиската инспекција на Министерството за финансии издало лани 333 казни во висина од 9.,363.375 денари (152.500 евра) за државни институции и нивните раководители кои работеле неправилно, или злоупотребувале буџетски пари. Нешто повеќе од милион денари биле платени во рамки на осум дена од изрекувањето на „глобата“. 

Ова го покажува извештајот за 2023 на Финансиската инспекција во јавниот сектор, која функционира од 2015, а наодите и казните се зголемени особено во последните две години. Во претходните годишни евиденции нема особени податоци за работењето на овој сектор кој е во развој.

Според она што го пишува во извештајот, финансиските инспектори треба и „да враќаат пари во буџетот“. Така, во Основното јавно обвинителство било пријавено дека „шест субјекти“ од јавниот сектор не сакале да вратат 325.751 евра во државната каса.

Бројот на 333 казни за „сомнително управување со буџетските пари“ е радикално зголемен во однос на претходната година кога имало само 116 санкции, а и тие биле побројни од претходните години. Вкупната висина на изречените казни е зголемена за 50 отсто.

Имало 2.054 пријави од субјекти за неправилно работење или сомневање во евентуално кривично дело со финансиското работење во јавниот сектор. Постапено е по 502 пријави со дадено овластување на инспекторите. И оваа бројка е зголемена во однсс на една година претходно, додека во периодот од 2015 до 2021 имало севкупно само 1.218 пријави.

Овој сектор на Министерството за финансии функционери од 2015 и го проверува сметководството, финансиските обврски и дисциплина, како и исплатите на многубројните јавни институции. Од таму велат дека 2023 била година на позитивни трендови и зголемен ефект на оваа инспекција, бидејќи институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита го зголемиле пријавувањето на превземените обврски и неплатените долгови - доспеани и недоспени. Финансиската инспекција за ова реагирала 1.411 пати, а доколку изрече казна - таа може да биде од 1.000 до 2.000 евра за функционерот кој не ги пријавил редовно долговите на неговата институција до Министерството за финансии.

Станува збор за околу 20-тина инспектори кои го контролираат финансиското работење на државните органи и институции на централно и локално ниво, како и евентуално дали има злоупотреби и измама со пари од фондовите на ЕУ, со цел да се заштитат буџетските средства.

Нивното работење опфаќа фондови, агенции, јавни претпријатија, општините, Град Скопје, јавни установи и непрофитни организации и фирми кои работат со средства од буџетот.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?