ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан
Објавено во: Свет 19 Април, 2024
Ерменија се согласи да му врати на Азербејџан четири села во пограничната област.
Портпаролот на азербејџанското Министерство за надворешни работи Ајкан Хаџизада oбјави дека Ерменија се согласила да му врати на Азербејџан четири села кои се наоѓаат на нивната заедничка граница.
„Како резултат на осмиот состанок на државните комисии за демаркација на државната граница меѓу Азербејџан и Ерменија, Ерменија се согласи да врати четири села во Азербејџан кои беа под окупација од почетокот на 1990-тите“, рече Хаџизада на социјалната мрежа Х.
Азербејџанските власти претходно изјавија дека враќањето на селото е неопходен услов за мировен договор што ќе стави крај на тридеценискиот конфликт меѓу двете земји, кои беа дел од Советскиот Сојуз.
Лани Азербејџан со воени дејствија во регионот Нагорно - Карабах принуди 100.000 Ерменци да се иселат во Ерменија.Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји пред два дена.
Три децении двете земји спорат за регионот Нагорно - Карабах.