MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина
Објавено во: Свет 02 Мај, 2024
Франција не се откажува од идејата за испраќање војници во Украина. Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев побара помош, Франција ќе размисли за испраќање војници во Украина. Ова го потврди францускиот претседател Емануел Макрон.
Maкрон вели дека неговата идеја за потенцијално испраќање војници во Украина ја поддржале многу земји.
„Имам јасна стратешка задача: Ако Русија победи во Украина, нема да има безбедност во Европа“, вели Макрон.
Тој потсети дека Париз веќе испрати војници во други земји, вклучително и неодамна во Африка, за да се борат против тероризмот.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.