„Две лица пукале од автоматско оружје“, МВР со детали за убиството во Чаир
Објавено во: Македонија 26 Април, 2022
Четириесет и седумгодишен маж синоќа почина од прострелна рана во чајџилница во скопски Чаир. Според соопштението на МВР, настанот бил пријавен околу 21:40 часот, односно било пријавено дека две лица пукале од автоматско оружје на улицата „Браќа Реџепагиќи“.
„Во престрелката тешко е повреден Ј.И. (47) од Скопје, кој бил испратен во Клинички комплекс „Мајка Тереза“, каде околу 22:20 часот починал. Со повреди се здобиле и М.А. (43) и Љ.Ш.(42) од Скопје, кои се испратени со лекарска помош во Општата болница „Свети Науми Охридски“, се вели во известувањето на МВР.
Неофицијално, скопјанецот Јонуз Идризи е убиенот во пукањето. Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година, јавува 24 инфо.