01 Мај, 2024
0.0292

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

Објавено во: Македонија 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

ДУИ на симулирана седница, како божем да е собраниска, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје го избра Зијадин Села за претседател на Собранието.

Потоа импровизирана седница ја водеше Села, каде со „мнозинство гласови“ беа одобрени уставните измени според Договорот за добрососедство со Бугарија. Претходно тој даде „заклетва“ пред „Собранието“.

Во „Собранието“ беше избран и државниот претседател, во случајов претседателскиот кандидат Бујар Османи, со двотретинско мнозинство и Бадентер. Потоа министерот за надворешни работи имаше свое обраќање пред „пратениците“ и даде „свечена заклетва“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села, за претседател на Собранието на Македонија

„Напоменувам дека со 120 „за“ за претседател на Собранието на РСМ е избран пратеникот Зиjадин Села. Дозволете ми во ваше и во мое име да му го честитам изборот на пратеникот Зијадин Села за претседател на Собранието на РСМ и да му посакам успех во работата“, рече Ахмети, по што и Села даде импровизирана „заклетва“.


Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски