04 Мај, 2024
0.0253

ДУИ ќе оди со „зелен“ слоган на локалните избори

Објавено во: Агробизнис 17 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

ДУИ со слоганот „Избери живот, гласај зелено“ кој денеска го промовираше министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе оди на локалните избори во октомври.

Неодамна ДУИ се ребрендираше во зелена партија и најави офанзива на проекти со обновливи извори на енергија и справување со дивите депонии и чистата вода за пиење. Османи им порача на сите кандидати во кампањата да се придржуваат до зелената агенда на партијата.

„Изберете живот, гласајте зелено“, ова е слоганот со кој ДУИ ќе учествува на локалните избори, бидејќи заедно мора да го оствариме зелениот сон. Изборната кампања треба да расветли како нашите кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини. Како ќе ги направат помодерни и како повеќе ќе ги вклучат граѓаните и секој ден ќе го слушаат нивниот глас“, рече денеска Османи.

Тој додаде дека кандидатите за градоначалници ќе најават модерна инфраструктураа, чиста и евтина енергија за сите граѓани, создавање на одржливи работни места за поттикнување на економијата и уште „позелени“ општини.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?