02 Мај, 2024
0.0260

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

Објавено во: Економија 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Настанаа промени во скопската компанија РЖ Интертрансшпед. Симеон Василев си поднел неотповиклива оставка од позицијата извршен член на Одборот на директори, а на негово место е назначен Никола Ангелевски. Оставката ја констатирал Управниот одбор на компанијата на својата вчерашна седница. 

На 17.04.2024 година се одржа состанок на Одбор на директори на РЖ Интер-трансшпед во просториите на Друштвото, а во работниот дел беше донесена одлука за отповикување на Извршен член на Одбор на директори, како и одлука за именување (избор) на Извршен член на Одбор на директори. Одборот на директори констатира дека Извршниот член на Одборот на директори Симеон Василев на ден 17.04.2024 година до Одборот на директори поднел писмена неотповиклива оставка заверена на нотар, со која му престанува важноста на Договорот за уредување на правата и обврските помеѓу Друштвото и Извршен член на Одбор на директори /Менаџерски договор/ од 06.09.2022 година.

Се донесе Одлука каде се констатира престанување на мандатот на Извршен член на Одборот на директори на лицето Симеон Василев. Се донесе Одлука за назначување (избор) на Извршен член на Одбор на директори, каде се назначува лицето Никола Ангелевски“, се вели во објавата од компанијата испратена преку Македонската берза. 

РЖ „Интер-Трнсшпед“ АД-Скопје е акционерско друштво, кое е еден од повеќето правни наследници произлезени по распадот и трансфорацијата на некогашниот индустриски гигант рудници и железарница Скопје - Скопје. Во моментот основна дејност на друштвото е со својата тешка механизација (булдожери, утоварачи, багери и сл.), како и со своите тешки товарни возила (камиони и дамопери), да обезбеди и да им даде транспортни услуги на сите други правни субјекти во внатрешноста на железарскиот круг. Особено одговорен сегмент во работењето на друштвото, со оглед на карактеристиките на работните задачи и тешките услови во кои тие се извршуваат, е исполнувањето на задачите поврзани со производствениот процес во погоните на „Макстил“ АД-Скопје. 
РЖ „Интер-Трансшпед“ АД-Скопје располага и со голем број на други објекти и богата инфраструктура во самиот круг на железарницата, кои обезбедуваат можност за развој на друштвото во повеќе насоки и развој на други дејности. Овде пред се би ги издвоиле сопствената бензинска пумпа со четири резервоари за складирање на гориво, ѕидан објект покриена перална за соло камиони и влекачи, како и големи бетонирани плацови со придружни објекти до кои има пристап по патна и железничка инфраструктура. Со оглед на тоа, механичкиот тим, кој се состои од еден магистер на машински науки и од двајца дипломирани машински инженери, сите од областа на моторните возила, во периодот што следува ќе работи на искористување на овие инфраструктурни потенцијали и развој на фирмата во повеќе насоки. Секако дека заеднички именител на повеќето од, во моментот, замислените и проектирани насоки на развојот на друштвото ќе бидат разни видови услуги од областа и моторните возила.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?