02 Мај, 2024
0.0257

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Објавено во: Економија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Ланската добивка е послаба од онаа во претходната година. Но дивиденда за акционерите сепак ќе има.

Иако таа не е екстремно голема и изнесува вкупно нецели 50 илјади евра, а по акција ќе се делат 143 денари во бруто износ, што сепак е помалку од минатата година, битно е дека ова е втора година по ред како се исплатува дивиденда, по претходни шест години во кои тоа не беше случај.

Да одиме со ред.

Познатото бањско одморалиште во Западна Македонија „Дебарски бањи – Цапа“, лани остварло добивка од околу 237 илјади евра, што е помалку во однос на 352 илјади колку што се остварија во 2022 година, и кога дивидендата по акција изнесуваше 214 денари и тоа во нето износ.

Но, од овие 237 илјади евра профит компанијата не сака сите да одат за дивиденда, туку за дивиденди да се искористат само 49 илјади евра.

Додека, пак, планот е најголемиот дел од 163 илјади евра да се намени за инвестициски вложувања, односно реинвестирање, како што стои во предлог одлуката за распределба на добивката.

Потоа, како нераспределена добивка да остане нешто над 13 илјади евра, додека, пак, како законски резерви ќе одат нецели 12 илјади евра.

 Како што говори Централниот депозитар за хартии од вредност, доминантен и управувачки сопственик на Дебарските бањи е Меџит Цапа, кој поседува 85,46 отсто од акциите, додека, пак, покрај него, уште 99 домашни физички лица, располагаат со 14,4 проценти од капиталот на компанијата, а само едно правно лице има сосема мал процент акции од компанијата.

Тоа би значело дека на Меџит Цапа во форма на дивиденда ќе му следуваат околу 42 илјдаи евра, а другите акционери физички лица заедно ќе поделат околу седум илјади евра.

За овие одлуки ќе треба да гласа Собранието на акционери на седница која ќе се одржи на 21 мај оваа година.

А, доколку се погледне Билансот на успех на компанијата кој е содржан и во ревизорскиот извештај, може да се види дека „Дебарски бањи – Цапа“ лани имале подобри приходи од дадените услуги во земјава во споредба со претходната 2022 година, но имале и поголеми трошоци за суровини и материјали, како и повисоки трошоци за вработените, трошоци за надомест на членовите на одборите и слично.

Фактор објави и за дивидендата која се однесуваше за 2022 година, а чии износ беше повисок од оној за оваа година, а следуваше по шест години „посен период“ без дивиденда за акционерите.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?