02 Мај, 2024
0.0254

„ДАЛИ МОЖЕБИ ИМА МОРАТОРИУМ ВО НАПЛАТАТА НА ДАНОЦИТЕ ВО ПРЕДИЗБОРИЕТО“ - дополнителната заменичка во Финансии вели дека има лоша наплата во буџетот

Објавено во: Финансии 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Дополнителната заменичка министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Петрова, тврди дека само во првиот квартал од годинава земјава достигнала буџетски дефицит од над 357 милиони евра. 
Тоа го објави на социјалната мрежа фејсбук, а нејзините пресметки ги објавуваме во целост. 
НАПЛАТА НА БУЏЕТСКИТЕ ПРИХОДИ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2024 год.

- Реализација заклучно со 03/04/2024 год.:

• буџетски приходи = 1.197,6 милиони евра

• буџетски расходи = 1.554,8 милиони евра

• буџетскиот дефицит = 357,2 милиони евра.

За го "разглобиме" рекордниот буџетскиот дефицит, ќе почнеме од остварената наплата на буџетските приходи во првиот квартал од 2024 год.

- Кај даноците на потрошувачката - ДДВ, кој е "најиздашниот" буџетски извор, како и акцизите, состојбите изгледаат вака:

- НЕ Е ОСТВАРЕН месечниот план за наплата на ДДВ во ниту еден месец од кварталот

- ЗА 15 отсто ЗАОСТАНУВА кумулативното остварување на планот за ДДВ за кварталот

- ПОМАЛ ПРИХОД од ДДВ во однос на 2023 год. има во јануари и март 2024 год.

- ПАД секој месец во однос на претходниот има кај приходот од ДДВ за прометот во земјата

- ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има и за ДДВ што се плаќа при увоз и за акцизите.

Дали МФ, УЈП и Царината направија анализа на што се должи ова потфрлање кај ДДВ и акцизите во кварталот кога цените се "одмрзнаа", а и искуствено зголемена потрошувачка е карактеристика на секој предизборен период?

Кај данокот на личен доход и придонесите состојбите изгледаат вака:

- ЗА 7 отсто ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на данокот на личен доход во март 2024 год.

- ПОМАЛ ПРИХОД во март 2024 год. во однос на март 2023 год. има за данокот на другите видови примања (авторски договори, игри на среќа и др.)

- ЗА 14 отсто ЗАОСТАНУВА остварувањето на месечниот план за наплата на придонесот за пензиско осигурување за март.

Дали МФ и УЈП направија анализа на што се должи ова потфрлање кај данокот на личен доход и придонесот за ПИО во март, после зголемувањето на минималната плата која природно треба да ги зголеми овие приходи? 

Дали можеби УЈП ги стави во "мораториум" мерките за наплата на даноци во овој предизборен период?“, пишува, меѓу другото Петрова.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци